Достапни линкови

Мијалков пристигна на распит во Кривичниот суд


Основниот суд Скопје 1 во Скопје, каде поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е повикан на распит за случајот „Трезор".

Основниот суд Скопје 1 во Скопје, каде поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е повикан на распит за случајот „Трезор".

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и разузнавање, Сашо Мијалков пристигна во Кривичниот суд на распит за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Мијалков во судот влезе од задниот влез на зградата. Околу Кривичниот суд има и силно полициско обезбедување бидејќи во тек е и рочиштето за случајот „Диво Насеље“.

Истрагата за предметот Трезор, СЈО ја отвори поради сомневање дека 860 илјади евра од буџетот завршиле во приватни џебови преку набавка на опрема за прислушување. Во случајот осомничени се три лица од УБК и едно лице од Министерството за внатрешни работи. СЈО побара и мерки за претпазливост, односно за три лица побара одземање на пасошите за едно лице притвор, а за компанијата „Финзи“ која ја набавувала опремата замрзнување на имотот.

XS
SM
MD
LG