Достапни линкови

Русија и НАТО со одвоени воени вежби на Балканот


Руски војници на вежбата „Славјанско братство“, Белград 02.11.2016.

Руски војници на вежбата „Славјанско братство“, Белград 02.11.2016.

Руски падобрански единици започнаа заеднички воени вежби со српската армија во исто време кога НАТО одржува маневри во Црна Гора. До ова доаѓа во време на растечко сомневање за руските интенции на Балканот, каде што Москва се противи на членството на Црна Гора во НАТО, а Србија останува еден од сојузниците на Кремљ. Српскиот министер за одбрана Јован Кривокапиќ изјави дека вежбите со Русија кои започнаа вчера под името „Славјанско братство“ биле со цел подобрување на заедничките антитерористички операции. Ден претходно, 32 земји членки и партнери на НАТО во Црна Гора почнаа манври за реакција при природни катастрофи и хемиски напад.

XS
SM
MD
LG