Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала, а само во западните делови со умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од земјава, а во текот на ноќта кон петок ќе има слаби локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје претпладне сончево со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен. Утринската температура ќе се сушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

XS
SM
MD
LG