Достапни линкови

Турција издадe налози за апсење на 137 aкадемици


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 137 универзитетски професори, поради наводна поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на неуспешниот преврат на 15 јули.

Полицијата соопшти дека во текот на денов веќе привела 31 лице во рамки на истрагата против терористичка организација на Ѓулен. Акцијата е спроведена во Анкара и во уште 15 окрузи во земјата.

Според телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, можно е 22 од осомничените да се избегани од државата.

Во Турција досега се уапсени над 37.000 луѓе во рамки на истрагата против соработниците на Ѓелен.

XS
SM
MD
LG