Достапни линкови

Русија: затворските служби негираат насилство врз активистот Дадин


Рускиот активист Илдар Дадин

Рускиот активист Илдар Дадин

Руската Федерална Казнено служба соопшти дека лекарите не нашле траги на траума или напад врз затворениот активист кој тврдеше дека бил малтретиран, но активистите за човекови права изразија сомневања во врска со независноста на наодите. Илдар Дадин вчера обвини дека бил подложен на тепачки и закани со убиство од чуварот и вработените во затворот во северозападниот регион Карелија, каде што тој се наоѓа на издржување затворска казна во траење од две години Но, денеска прес-службата на Руската Федерална Казнена Служба соопшти дека група на "независни" лекари извршиле медицинска проверка на Дадин и оти не се пронајдени знаци на повреди. Активистот за човекови права Павел Шиков се сомнева во наводите на службата и прашува зошто затворските служби зборуваат во името на наводни независни лекари. Дадин кој има 34 години тврди дека неговото најтешко малтретирање се случило пред речиси два месеци. Руската Федерална Казнена служба дополни дека Дадин, ќе биде однесен во болница за понатамошни испитувања.

XS
SM
MD
LG