Достапни линкови

МВР:Истрагата за Спасов е завршена, ќе следуваат пријави


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за инцидентот со заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој предизвика две сообраќајни несреќи, е завршена.

Од МВР наведуваат дека случајот е „чист како солза” и најавуваат дека најдоцна до утре ќе бидат поднесени соодветни пријави против учесниците во инцидентот.

Министерот Оливер Спавоски засега не кажа кој ќе се гони прекршочно, а кој ќе добие кривична пријава.

Министерката за труд и социјала пак, Фросина Ременски веќе најави кривична пријава против Спасов за неовластено користење на „туарегот”, кој како што тврди е во сопственост на директорот на Агенцијата за вработување.

Инцидентот со Спасов се случи во петокот вечерта, кога дополнителниот министер со службеното возило удри два автомобили и избега.

XS
SM
MD
LG