Достапни линкови

Началникот на турската армија во Москва за Сирија


Началникот на турските вооружени сили Хулуси Акар

Началникот на турските вооружени сили Хулуси Акар

Началникот на турските вооружени сили генерал Хулуси Акар вчера имал „конструктивни" разговори со неговите руски колеги за ситуацијата во сирискиот град Алепо и борбата против „Исламска држава", соопшти денеска турската армија.

Во соопштението на армијата се наведува дека предмет на дискусија биле наоѓање на решение за прекинување на судирите во Сирија, нормализирање на ситуацијата во Алепо, како и продолжувањето на процесот на развивање соработка меѓу двете земји со цел да се стави крај на заканата од „Исламска држава"

XS
SM
MD
LG