Достапни линкови

logo-print

Српските власти го ослободија косовскиот полициски началник


Полициска станица во Косово

Полициска станица во Косово

Српските власти синоќа го пуштија од притвор полицискиот началник за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи,кој во притвор мина 30 дена.

Нехат Тачи беше уапсен на 29 септември на граничниот премин „Бела земја“ а по два дена му беше одредена мерка привор во траење од 30 дена.

Министерот Хоџај изјави дека Тачи бил задржан во Србија неправедно.

Пред два дена,поради апсењето на Тачи и на уште еден Косовец,кој од Германија доаѓал на одмор во Косово,но се барал за воени злосторства за време на косовската војна,официјална Приштина, ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија.

XS
SM
MD
LG