Достапни линкови

Ирак ја предупреди Турција за тенковите на границата


Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади


Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, ја предупреди Турција за провоцирање конфронтација откако Анкара испрати тенкови и артилерија во близина на границата меѓу двете земји не далеку од Мосул. Абади на прес конференција изјави дека Багдад не сака конфронтација или "војната со Турција", но рече дека ирачките сили "се подготвени за тоа" Тој додаде дека Багдад им забранува на турските сили да интервенираат во борбата против Исламската држава за враќање на контролата врз Мосул. Турција распореди тенкови и тешка артилерија на југоисточната граница со Ирак, наведуавјќи дека силите можат да бидат испратени во Ирак ", ако е потребно." Распоредувањата на 1 ноември беа направени во Турција во регионот Силопи, кој се граничи со делот од северен Ирак ,што води до Мосул.

XS
SM
MD
LG