Достапни линкови

Москва ги затвори канцелариите на Амнести Интернешенал


Запечатена врата на Амнести Интернешенал во Москва

Градските власти во Москва ги затворија канцелариите на невладината организација за заштита на човековите права Амнести интернешенал со цел да спречат вработените да влезат внатре, изјави шефот на канцеларијата Сергеј Никитин. На Фејсбук тој напиша дека со неговите колеги не биле во можност да влезат во нивните канцеларии денеска, додавајќи дека главната врата на зградата била скршена и дека бравите на другите врати биле сменети. Според неговите зборови организацијата ги изнајмувале просториите 20 години. Организацијата претходните години се жалеше на притисоци и закани кон членовите и поради контроверзните закони со кои се уредува работењето на невладините организации.

XS
SM
MD
LG