Достапни линкови

logo-print

Жена за прв пат блиску до генералски чин во албанската армија


Албански специјалци во Тирана пред заминување во Авганистан на 28 јули 2010

Албански специјалци во Тирана пред заминување во Авганистан на 28 јули 2010

Албанското Министерство за одбрана првпат номинираше една жена за добивање генералски чин, пренесува БТА. Од кабинетот на албанската министерка за одбрана, Мими Кодели, денеска информираа дека жена полковник е предложена за генерал.

Името на жената не се споменува бидејќи процедурата за нејзино номинирање уште не е целосно завршена.

Кодели, која во 2013 година седна во министерската фотелја како прва жена министер за одбрана на Албанија, предложи и три жени за добивање чин полковник. Таа го зголеми бројот на жени во униформи до 14 отсто од вкупно околу 8.500 лица воен персонал во албанската армија.

XS
SM
MD
LG