Достапни линкови

Косовскиот полициски функционер Нехат Тачи ослободен од притвор во Србија


Високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи на 11 април l2013

Високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи на 11 април l2013

Српските власти денеска од притвор го ослободија високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи, кој пред повеќе од еден месец беше притворен во Србија под сомнение за тероризам, информираа српските медиуми. Српската државна телевизија РТС информира дека Нехат Тачи денеска е ослободен откако обвинителите ја прекинале истрагата против него. Тачи беше приведен откако на крајот од септември од Косово влегол во Србија. Косово протестираше против неговото апсење.

XS
SM
MD
LG