Достапни линкови

logo-print

Кремљ ги отфрли обвинувањата од МИ5


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков на 11 октомври 2016

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков на 11 октомври 2016

Кремљ ги отфрли обвинувањата од страна на шефот на британската разузнавачка агенција МИ5 дека Русија организира компјутерски напади и други агресивни мерки кои претставуваат сè поголема закана за Европа. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска рече дека обвинувањата од шефот на МИ5 Ендрју Паркер „не соодветствуваат со реалноста“.

„Сè додека некој не даде доказ, ние ќе ги сметаме овие изјави како неосновани“, рече тој.

Во вчерашното интервју за британскиот весник Гардијан, Паркер предупредува дека Русија на интензивно агресивен начин се однесувакон нејзините опоненти на Запад.

„Русија користи широк спектар на државни органи да ја спроведе нејзината политика во странство. Станува збор за агресивни начини како пропаганда, шпионажа, субверзивни активности и сајбер напади“, вели тој.

„Она што се гледа се руските активности во Украина и Сирија. Но, постои и многу голема активност што не може да се види. Русија е прикриена закана веќе неколку децении, а што е различно од тогаш е што сега има многу повеќе начини и нови технологии за остварување на ваквите активности“, оцени Паркер.

XS
SM
MD
LG