Достапни линкови

Ирачките сили напредуваат во Мосул


Француски војниници кај Мосул на 31 октомври 2016

Француски војниници кај Мосул на 31 октомври 2016

Ирачкиот генерал Сами ал-Ариди изјави дека владините специјални сили денеска влегоа во предградијата на Мосул, за прв пат по повеќе од две години. Напредокот е дел од копнената операцијата за враќање на контролата врз градот од милитантите на Исламската држава. Се водат жестоки борби, а владините сили имаат воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД. Ирачките владини сили, курдските борци Пашмерга, шиитските милиции поддржани од Иран и сунитски племиња од сите страни се движат кон Мосул за да ги принудат милитантите од Исламската држава, кои го презедоа градот во 2014 година, да се повлечат.

XS
SM
MD
LG