Достапни линкови

Џумхуриет: Не попуштаме


Човек го чита весникот Џумхуриет пред канцелариите на овој медиум во Истанбул за време на полициска операција против новинарите на 31 октомври 2016

Вработените во турскиот весник Џумхуриет се одлучни да „не попуштат“ пред притисокот по апсењето на главниот уредник. „Нема да попуштиме“, е објавено на денешната насловна страна на еден од најстарите турски дневни весници. Просторот за текстовите на двајцата колумнисти кои се уапсени со уредникот е оставен празен.

Обвинителството во Истанбул наведува дека новинарите и уредниците се уапсени по истрага за наводна поддршка на движењето на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен. Весникот ги отфрла тие обвинувања.

Апсењата предизвикаа осуда на меѓународни официјални лица и организации меѓу кои и ОБСЕ.

Турската полиција вчера го приведе главниот уредник на Џумхуриет, Мурат Сабунџу, а Си-Ен-Ен Турк јави дека се издадени налози за апсење на вкупно 13 новинари од весникот.

Претходниот главен уредник на Џумхуриет, Џан Дундар е осуден на 6 години затвор поради објавување државна тајна вклучително и за акција на Анкара во Сирија.

XS
SM
MD
LG