Достапни линкови

logo-print

Јанева го обвини Судот за манипулација во случајот „Пуч“


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Рочиштето за случајот „Пуч“ во кој обвинет е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно беше одложено, поради тоа што две од поротничките немале безбедносни сертификати. Судијката во случајот, Љубинка Башевска рече дека и покрај интервенцијата на Судот и поднесеното барање поротничките се уште не ги добиле сертификатите. Таа судењето го одложи на неопределено време.

На одложувањето реагираше Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ја обвини судијката за злоупотреба на службена должност, бидејќи неоправдано година и половина се одложува рочиштето. Јанева обвини и за манипулација и неколку пати ја праша судијката како не и е срам, бидејќи, како што рече, не може да си игра со животот на обвинетите.

Заев по судењето рече дека уште еднаш се покажало оти Судот е на колена. Адвокатот на одбраната, Филип Медарски праша зошто сведокот на СЈО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не дошол на рочиштето, но не доби одговор од судијата. Новото рочиште ќе биде закажано, како што рече Башевска, кога ќе бидат обезбедени сертификатите за поротничките.

XS
SM
MD
LG