Достапни линкови

logo-print

Сергеј Лавров во Грција


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и грчкиот премиер Алексис Ципрас

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и грчкиот премиер Алексис Ципрас

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Грција. Тој, како што е соопштено во Москва, ќе се сретне со државниот врв на Грција при што ќе разговара за билатералните односи, трговската соработка, економијата и ивестирањето во енергетскиот сектор. Портпаролот на руското министерставо за надворешни работи Марија Захарова соопшти дека ќе стане збор и за повеќе меѓународни прашања, меѓу нив и за односите на Русија со Европската унија. Захарова додаде дека за време на посетата на Лавров ќе биде потпишан план за консултации меѓу министерставата за надворешни работи на двете земји од 2017 до 2019 година.

XS
SM
MD
LG