Достапни линкови

Вучиќ: Во Србија подготвуван заговор против Црна Гора


Во Србија уапсени осомничени за заговор во Црна Гора
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Во Србија уапсени осомничени за заговор во Црна Гора

Премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот на Бирото за координација на службите за безбедност, изјави дека на територијата на Србија биле подготвувани нелегални активности во Црна Гора. Тој прецизира дека во Србија биле задржани лица под сомневање дека го следеле премиерот на Црна Гора Мила Ѓукановиќ.

„Имаме цврсти материјални докази, конфискувавме и 125 илјади евра, униформи и други работи. Оној што мисли дека Србија на некаков начин ќе учествува во некакво злосторство многу се лаже“, изјави премиерот Вучиќ.

Тој додаде дека во заговорот бил вклучен и еден пензиониран генерал кој не го именува. Тие наводно планирале напади врз црногорски државни иснтитуции и функционери.

Оваа изненадувачка изјава на Вучиќ следеше откако во Црна Гора на денот на парламентарните избори на 16 овој месец беа уапсени 20 српски државјани.

Тие се обвинети за тероризам. Како водач на групата е осомничен и поранешниот командант на Жандармеријата на Србија Братислав Дикиќ. Тогаш Вучиќ изјави дека бил чуден тајмингот на ова акција во Црна Гора.

„Немаме никакви податоци за тоа. Министерот на полицијата на Србија ме информира. Првин секако станува збор за човек кој е пензионер. Чуден ми е денот кога тоа се случува“.

Синоќа Вучиќ соопшти дека неговата влада привела нови осомничени во врска со тој случај и оти тие секојдневно го следеле премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Вучиќ додаде дека во аферата не биле вовлечени политичари ниту од Србија, ниту од Црна Гора, туку дека станува збор за криминални организации.

Тој исто така изјави дека во Србија биле зголемени дејствијата и бројот на припадници на странските разузнавачки служби, како што рече, и од исток и од запад.

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во седиштето на неговата ДПС по изборите, Подгорица, 16.10.2016.
Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во седиштето на неговата ДПС по изборите, Подгорица, 16.10.2016.

Инаку, изборите во Црна Гора на кои победи партијата на Мило Ѓукановиќ, но без да има мнозинство во парламентот, беа претставувани како можност за потенцирање на про НАТО и проевропската позиција на земјата наспроти традиционалните врски со Русија.

Пред изборите Ѓукановиќ за новинската агенција Ројтерс изјави дека Русија ја финансирала опозицијата со цел да го попречи членството на Црна Гора во НАТО.

Опозициските партии ги отфрлија ваквите обвинувања како и резултатите од изборите за кои оценија дека биле наместени. Тие пак го обвинуваат Ѓукановиќ кој е на власт над 25 години, за авторитаризам.

Неговата Демократска партија на социјалистите освои 36 места во парламентот во кој има 81 пратеник и сега е во преговори за формирање коалиција.

Според посматрачите, изборните резултати главно ја рефлектираа волјата на гласачите во земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG