Достапни линкови

УБК прави опструкции на работата на СЈО


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека продолжуваат со работата во Управата за безбедност и контраразузнавање, но дека се соочуваат со опструкции во нивните барања да добијат специфични информации од тајната полиција.

"И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба", се вели во соопштението.

Оттаму велат дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и нејзините соработници обвинители и истражители на Специјалното во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов, велат од СЈО.

XS
SM
MD
LG