Достапни линкови

logo-print

Вечерва последно соочување на Клинтот и Трамп


Трамп и Клинтон на втората претседателска дебата.

Трамп и Клинтон на втората претседателска дебата.

Хлирари Клинтон и Доналд Трамп денеска треба да се соочат во нивната трета и последна дебата од кампањата за претседател на САД во 2016 година. На дебатата се гледа како последна можност за републиканскиот кандидат Доналд Трамп да го надомести падот на поддршката во пресрет на гласањето на 8 ноември.

Поддршката за Трамп ослабна откако беа објавени снимки од 2005 година во кои тој дава непристојни коментари за жените. Изборните анкети во моментов се во корист на Хилари Клинтон, но таа се соочува со прашања во врска со автентичноста на транскрипти од платени говори, кои таа ги направила во фирми во Вол Стрит. Во тие говори Клинтон одбива директно да го критикува Вол Стрит за предизвикувањето на финансиската криза во 2008 година.

XS
SM
MD
LG