Достапни линкови

ДИК денеска ќе одржи седница


Средба на премиерот Емил Димитриев со членовите на ДИК. 10 март 2016.

Средба на премиерот Емил Димитриев со членовите на ДИК. 10 март 2016.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да бидат усвоени барање и пријава за запишување во посебниот извод од Избирачкиот список и гласање за предвремените избори на 11 декември во Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) во странство, што се однесува на македонските државјани кои претходно не го пријавиле привремениот престој или работа во странство. Исто така членовите на ДИК треба да усвојат и пријава за гласање за предвремени избори за државјаните кои претходно го имаат пријавено својот привремен престој или работа во странство.

На дневен ред се и Предлог – Заклучок за важење и применување обрасци за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 11 декември објавени во Службен весник на Република Македонија, Предлог-заклучок за примена на Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка од 27.04.2016 година донесени од Државната изборна комисија и објавен на веб-страницата, Предлог - упатство за начинот и постапката за решавање на приговорите, Предлог – упатство за важечки гласачки ливчиња, Предлог – прирачник за едукација на членовите на избирачките одбори, како и Предлог – известување до општините во РМ, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламни паноа и билборди.

На седницата треба да биде разгледан и Извештај за состојбата на објектите на избирачките места во Република Македонија со предлог заклучоци.

XS
SM
MD
LG