Достапни линкови

logo-print

Протест на грчките воени и полициски службеници


Полицајци во Атина сликани во 2013 година.

Полицајци во Атина сликани во 2013 година.

Грчки воени и полициски службеници денеска протестираа пред Канцеларијата за сметководство на Министерството за финансии, во центарот на Атина, поради намалување на нивните плати. Демонстрантите бараа да се сретнат со заменик-министерот за финансии, Јоргос Хулиаракис. Грчкиот Државен совет, највисокиот административен суд во земјата, на почетокот на оваа година ја потврди жалбата на воениот и полицискиот персонал против намалување на нивните плати, спроведено од страна на Владата во 2014 година.

XS
SM
MD
LG