Достапни линкови

Илјадници цивили го напуштаат Мосул


Раселени ирачки деца кои го напуштиле Мосул сликани на 16 октомври во бегалскиот камп Духок во Ирак.

Раселени ирачки деца кои го напуштиле Мосул сликани на 16 октомври во бегалскиот камп Духок во Ирак.

Илјадници цивили ја напуштија областа околу Мосул во северен Ирак, каде што во моментов е во тек офанзивата против групата на Исламската држава (ИД). Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ денеска соопшти дека во изминатите десет дена пет илјади луѓе ја поминале границата и пристигнале во кампот ал- Хол во Сирија. „условите таму се меѓу најлошите кои сме ги виделе и очекуваме наскоро уште илјадници да тргнат натака“, вели Тарик Кадир – шеф на групата за одговор на кризата во Мосул. Обединетите Нации соопштија дека во кампот се примени повеќе од 900 луѓе во последните 24 часа и се очекува да пристигнат уште 3.000 лица.

XS
SM
MD
LG