Достапни линкови

Вељаноски ги покани меѓународните набљудувачи за изборите


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ги покани претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Кристине Мутонен, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Р. Тарнер, да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници.

Вељаноски во поканата ги известува за намерата да ги следат изборите да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Според Роковникот на ДИК, барање за набљудување на предвремените парламентарни избори може да се поднесе од денот на распишување на изборите заклучно со 6 декември.

XS
SM
MD
LG