Достапни линкови

Самит во Берлин за конфликтот во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина денеска ќе одржат самит на кој ќе дискутираат за мировниот процес во Украина. Канцеларот Ангела Меркел изјави дека разговорите во Берлин имаат цел да понудат „брутално искрена проценка“ на напредокот на имплементирањето на мировниот договор од Минск.

Но, мали се шансите за значителен напредок кон мир, претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека нема „многу високи очекувања.“ Договорот од Минск во 2015 година помогна да се намали интензитетот на борбите меѓу укринските владини сили и проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. Во конфликтот кој почна во април 2014 година загинаа повеќе од 9.600 луѓе.

XS
SM
MD
LG