Достапни линкови

Европол заплени тон кокаин


Наркотични средства.

Наркотични средства.

Европол денеска соопшти дека во еднонеделната акција против високо софистицирана меѓународна шверцерска мрежа биле уапсени повеќе од 300 лица и запленети еден тон кокаин. Операцијата уследила по откривањето лажна туристичка агенција во Грција, што помагала во трговија со луѓе во бордел во Австрија, каде што, меѓу другото, е одгледуван и канабис. Досега се идентификувани преку 500 лица жртви на шверцот со луѓе.

Во соопштението се наведува дека освен неколку источноевропски земји од ЕУ, истрагата е проширена и во 24 земји вон Унијата. Мрежата била раширена и на азискиот и африканскиот континент. „Земји и организации ширум светот треба да работат заедно како еден субјект, за да дадат современ одговор на организираниот криминал што не познава граници, истакна директорот на Европол“, Роб Вејнрајт.

XS
SM
MD
LG