Достапни линкови

Српската влада ќе расправа за учество во руската акција во Сирија?


Заедничка воена вежба на Србија и Русија, воен аеродром Батајница, 13.10.2016.

Заедничка воена вежба на Србија и Русија, воен аеродром Батајница, 13.10.2016.

Владата на Србија, како што пишува српскиот весник „Данас“, утре ќе решавала за испраќање помош во сирискиот град Алепо преку српско рускиот хуманитарен центар во Ниш. Според овој весник, хуманитарната помош од руско српскиот центар би требало да ја преземат руски авиони на нишкиот аеродром „Константин Велики“. Вчера весникот „Политика“ јави дека во пакетот помош кои го подготвиле Министерството за одбрана и Војската на Србија ќе имали прехранбени продукти, облека, медицински материјал и електроагрегати.

XS
SM
MD
LG