Достапни линкови

Меркел најави можни нови санкции против Русија


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека санкциите против Русија околу нејзините акции во Сирија би требало да останат опција за Европската унија. Таа додаде дека со францускиот претседател Франсоа Оланд ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на состанокот за Украина, денеска во Берлин. Но, како што изјави, не треба да се очекуваат чуда од таа средба. Меркел и Оланд ги критикуваа Русија и Сирија за бомбардирање цивилни цели во Алепо.

XS
SM
MD
LG