Достапни линкови

logo-print

Челик: ЕУ да го исполни ветувањето за визна либерализација


турскиот министер за ЕУ Јомер Челик

турскиот министер за ЕУ Јомер Челик

ЕУ до крајот на годинава треба да ја примени визната либерализација за турските државјани и да престане да инсистира Турција да ги смени своите закони за антитероризам. Во спротивно Анкара може да го прекине својот дел од спогодбата за запирање на нелегалната миграција, изјави турскиот министер за ЕУ Јомер Челик. Турција и ЕУ во март постигнаа спогодба, според која Анкара презеде обврска да го спречи минувањето на нелегалните мигранти кон Грција во замена за финансиска помош за бегалците на нејзина територија, ветување за повлекување на визите за турските државјани и забрзување на преговорите за членство. Челик додава дека Турција ги почитува своите ветувања, бидејќи бројот на нелегалните мигранти, кои во Грција пристигнуваат од турскиот брег, се намалил до 20-30 лица дневно од претходните 7.000 во 2015 година.

XS
SM
MD
LG