Достапни линкови

Попоски: Грција да ја удостои пресудата на Меѓународниот суд


министерот за надворешни работи Никола Попоски

За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од Меѓународниот суд на правдата од 2011 година. Без тоа, секое споменување на правото е себе-демантирање, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, како реакција на говорот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Тој во Воден изјави дека „Македонија била, е, и ќе остане грчка“. Павлопулос повторно ја обвини Македонија дека „со иредентистички барања нема да се приклучи кон Европската унија, затоа што ги крши европските закони“.

XS
SM
MD
LG