Достапни линкови

Обама: ирачките сили ќе ја победат ИД во Мосул


Aмерикански војници во воена база во близина на Мосул, 18 октомври 2016 година

Aмерикански војници во воена база во близина на Мосул, 18 октомври 2016 година

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека тешка ќе биде борбата што се води за да се поврати ирачкиот град Мосул кој сега е во рацете на милитантите на Исламската држава. Обама сепак е убеден дека ирачките сили ќе ја поразат милитантната група.

Ирачките сили започнаа воена офанзива со поддршка на коалицијата предводена од САД.

Говорејќи на Белата куќа во Вашингтон, Обама рече дека почетокот на операциите за ослободување на Мосул е уште еден голем чекор напред.

Милитантите го зазедоа Мосул во јуни 2014.

XS
SM
MD
LG