Достапни линкови

logo-print

Економските мерки најзастапени во програмата на СДСМ


Претседател на СДСМ, Зоран Заев, дава изјава за медиуми во Велес, 18.10.2016

Претседател на СДСМ, Зоран Заев, дава изјава за медиуми во Велес, 18.10.2016

„11 декември е денот на изборите, денот на промените во Македонија“, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали изборите ќе бидат во декември. Тој вели дека намерата на власта била да ги пролонгира заедно со локалните, за да може, како што вели - да ги дислоцира темите и немeсто за важни теми, да се зборува за тротоарче, за улица, за водовод. Заев вели дека граѓаните бараат пари и поубава иднина и перспектива. Бараат криминалците да сносат одговорност, бараат законот да важи подеднакво за сите.

„Не успеаја, колку и да се обидуваат, кај нас да најдат причина за нивно одложување на изборите. Јас сум многу среќен што конечно вчера се распушти Парламентот, денеска ќе бидат распишани изборите, и можам само да и посакам на Република Македонија и на сите граѓани - Македонијо, нека ни е со среќа, доаѓа ново убаво време“, изјави Заев при денешната посета нa Велес. Тој зборувајќи за изборната програма на СДСМ, насловена План за Македонија, рече дека таа се базира најмногу на економски мерки.

XS
SM
MD
LG