Достапни линкови

Авганистанските власти преговараат со талибанците


Политичката канцеларијата на авганистанските талибанци во Доха.

Политичката канцеларијата на авганистанските талибанци во Доха.

Авганистанските власти преговараат со претставници на талибанците, потврди авганистански официјален претставник за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Според изворот, двете страни од септември во два наврати преговарале во Доха, Катар.

Претходно британскиот весник Гардијан објави дека претставници на талибанците и авганистанските дипломати тајно ги обновиле мировните преговори во септември.

Гардијан пишува дека еден од талибанските претставници бил Мула Абдул Манан Ахунд, брат на покојниот лидер на талибанците мула Мохамед Омар. Тој се сретнал со шефот на авганистаснкото разузнавање Мохамед Mасон Станекзаи на почетокот на септември.

XS
SM
MD
LG