Достапни линкови

logo-print

Активисти: Тодоров и пратениците виновни за секој нов случај на ХИВ


Протестен перформанс на Платформата за ХИВ кој се одржа пред Министерството за здравство.

Протестен перформанс на Платформата за ХИВ кој се одржа пред Министерството за здравство.

„Празните ветувања убиваат,“ порача активисти на Платформата за ХИВ, кои денеска се собраа пред просториите на Министерството за здравство. Тие преку перформанс пред Министерството сакаат да ги алармираат граѓаните дека министерот за здравство Никола Тодоров, како и пратениците, кои не го коригираа буџет за ХИВ, може да ги сметаат за директно одговорни за секој следен смртен случај од овој вирус.

„Ќе не носите на душа“, „Министерство за епидемии“, „Ако умрам од СИДА фрлете ме пред кабинетот на Тодоров“, се само дел од транспарентите кои ги носеа активистите.

Тие рагираат што е намален за половина буџетот за лекување и превенција од ХИБ, па анместо потребните 65 милиони денари колку, сега изнесува 27 милиони денари. Таквата одлука вчера ја изгласаа пратениците пред да се распушти Собранието.

Активистите закачија и транпарент пред Собранието со пораката - „Народни избраници избравте народот да умира од СИДА.“


XS
SM
MD
LG