Достапни линкови

Во Берлин самит за кризата во Украина


Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина на самитот во Париз, 2 октомври 2015.

Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина на самитот во Париз, 2 октомври 2015.

Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина утре во Берлин ќе одржат самит за да разговараат за напорите за мир во источна Украина. Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Украина Петро Порошенко и францускиот лидер Франсоа Оланд заеднички да оценат како се спроведуваат договорите од Минск, соопшти денеска портпаролот на Меркел, Стефан Зајберт. Тој вели дека лидерите ќе разговараат и за понатамошните чекори за ставање крај на кризата во Украина. Четворицата лидери последниот самит на оваа тема го одржаа минатата година во октомври во Париз.

XS
SM
MD
LG