Достапни линкови

Вељаноски ги распиша изборите


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 11 декември годинава. Вељаноски вели дека Македонија ќе влезе во сложен период, но тој верува дека партиите ќе се однесуваат достоинствено и одмерено и дека изборите на 11 декември ќе бидат врв на таа атмосфера. По потпишувањето Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија.

XS
SM
MD
LG