Достапни линкови

Запрени воздушните напади во Алепо


Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, зборува за време на телеконференција во Москва, 18 октомври 2016

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, зборува за време на телеконференција во Москва, 18 октомври 2016

Руските и сириските воздушни сили запреа со воздушните напади во северниот сириски град Алепо, соопштија руските власти. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, денеска изјави дека почнувајќи од 10 часот утринава запреле воздушните напади за да им се овозможи на цивилите и на бунтовниците да се подготват за да го напуштат градот кој е под опсада.

Подоцна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека одлуката е „манифестација на добра волја од страна на руската војска“.

Сириските активисти, пак, претходно изјавија дека руските авиони вршеле интензивни воздушни напади по полноќ во Алепо.

Русија објави дека ќе им овозможи на цивилите и бунтовниците безбедно да ги напуштат источните делови од градот на 20 октомври.

Обединетите нации ја поздравија најавата, но велат дека дадената пауза не е доволно долга за да им се испрати помош и да се евакуираат цивилите.

А САД велат дека одлуката не е доволна и е донесена премногу доцна.


XS
SM
MD
LG