Достапни линкови

Трамп: би се сретнал со Путин пред инаугурацијата


Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека доколку биде избран би се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и пред да биде инаугуриран во јануари идната година. Трамп постојано повторува дека му се восхитува на Путин. „Проблемот е во тоа што Путин не го почитува Обама“, изјави тој, наведувајќи дека односите меѓу Москва и Вашингтон биле во катастрофална ситуација. Во меѓувреме, демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон ја продолжи својата предизборна офанзива. Таа потроши милиони долари за реклами во Аризона, Мисури и Индијана, држави за кои се смета дека традиционално гласаат за републиканците.

XS
SM
MD
LG