Достапни линкови

Црногорската опозиција не ги признава изборните резултати


Прес конференција на Демократскиот фронт, Подгорица, 16.10.2016.

Претставници на Демократскиот фронт, Големата коалиција Клуч, Демократите и Социјалдемократската партија решија да не ги признаат резултатите од парламентарните избори во Црна Гора. Според нив, изборниот процес бил проследен со низа злоупотреби, кои, како што наведуваат, „по содржината и бројот ги надминале сите претходни изборни процеси во историјата на парламентаризмот во Црна Гора“. „Посебно, имајќи предвид фактот дека одделни медиуми уште во саботата најавија, а државните органи на Црна Гора соопштија, дека за време на изборниот ден се случил обид за државен удар. Јасно е дека во атмосфера на државен удар, на самиот изборен ден, не можат да се одржат слободни, фер и чесни избори“, оцени опозицијата. Тие бараат независна комисија, во рамки на која треба да се вклучат и претставници на меѓународната заедница, да ги констатира и испира сите факти во врска со наведениот државен удар и на јавноста да соопшти кои се извршителите, и кои се налогодавачите на тоа кривично дело.

XS
SM
MD
LG