Достапни линкови

ЕУ со осуда за нападите врз Алепо


Алепо, Сирија

Алепо, Сирија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ силно ги осудуваат руските воздушни напади во Сирија врз цивилни цели во Алепо. Во заедничкото соопштение на 28 те земји членки е наведено дека таквите напади може да водат кон воени злосторства, особено затоа што се таргетирани болници, медицински персонал и училишта со употреба на барел бомби, касетни бомби и хемиско оружје. Велика Британија и Франција се залагаа за силна осуда на Сирија и Русија за време на состанокот на министри на Советот на ЕУ кој се одбиваше во Луксембург.

Одлуката за нови санкции се очекува да биде донесена на дводневниот самит на ЕУ во Брисел кој ќе започне на 20 октомври.


XS
SM
MD
LG