Достапни линкови

Литванија бара нови санкции за Русија


Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус на прес конференција на 26 август 2016

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус на прес конференција на 26 август 2016

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус побара од Европската Унија да донесе одлука за нови санкции за Русија како одговор на воздушните напади врз Сирија, односно врз цивилните области во Алепо. Тој во изјава за Радио Слободна Европа истакна дека санкциите се логичен потег, затоа што ЕУ се потпира само на тој инструмент. Тој додава дека ЕУ треба да го оддржува притисокот врз Русија со санкции, затоа што во спротивност на терен нема да има промена на состојбата.

Во Луксембург е во тек Совет на министри за надворешни работи на земјите членки на Унијата, на кој се разговара за тоа дали ЕУ треба да одговори на руските напади врз Алепо, при што загинаа стотици цивили во период по 19 септември, откако беше прекинато договореното примирје во посредство на САД и Русија.

Одлуката за нови санкции се очекува да биде донесена на дводневниот самит на ЕУ во Брисел кој ќе започне на 20 октомври.

XS
SM
MD
LG