Достапни линкови

Собранието се распушти


Пратениците со 110 гласа „за“ од вкупно 116 присутни пратеници изгласаа рапсуштање на собранието. Немаше против и воздржан. За предлогот за распуштање на Собранието СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според предлагачите, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

XS
SM
MD
LG