Достапни линкови

Пратениците расправаат за распуштање на Собранието


Архивска фотографија: Собраниска расправа

Архивска фотографија: Собраниска расправа

Во Собранието почна расправата за распуштање по предлозите доставени од опозицијата. За предлогот за распуштање на Собранието СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според предлагачите, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.

XS
SM
MD
LG