Достапни линкови

Пратениците го усвоија Буџетот за 2017


Архивска фотографија: Министерот за финансии Кирил Миноски на Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Архивска фотографија: Министерот за финансии Кирил Миноски на Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Пратениците го усвоија предлог буџетот за 2017 година. По кратка дебата буџетот беше усвоен со 72 гласа „за“ и 37„против“. Веднаш потоа беше усвоен и законот за извршување.

Во текот на собраниската дебата, министерот за финансии Кирил Миновски изјави дека главен приоритет на овој стратешки документ е поддршка на приватниот сектор и дека со него се обезбедува редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

„Предлог-буџетот за 2017 година се темели на три основни постулати. Тоа се развој, кој базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскиот дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок, изјави од собраниската говорница,“ министерот Миноски.

Координаторот на опозициската пратеничка група Горан Сугаревски изјави дека ова е криминален буџет чија цел е корупција на гласачи.

„Ова е да се излаже народот дека наредната година ќе направите нешто. Сега ќе правите 140 градинки, што правевте 10 години? Зошто не кажавте дека 20 милиони траба да се дадат за панорамското тркало? На комисијата немаше дебата затоа што вие не бевте тука и отидовте во Вашингтон. Потпишавте 450 милиони обврзница. До каде ќе оди задолжувањето? ВМРО ќе ги изгуби изборите. Втори и трети сме биле во Европа, кој ви верува во тоа, народот тоне во сиромаштија и беда“ посочи од собраниската говорница Сугаревски.

XS
SM
MD
LG