Достапни линкови

Власта има поважни работи од распуштањето на Собранието


Собрание на Република Македонија
Собрание на Република Македонија

По усвојувањето на дневниот ред на денешната собраниската седница, неизвесно е дали пратениците ќе гласаат за распуштање на законодавниот дом. На дневниот ред за денешната седница прва точка е буџетот на 2017 година, потоа следуваат уште четири други, а распуштањето е последна точка.

Неизвесно е дали денеска ќе се распушти Собранието откако беше променет дневниот ред на седницата на која требаше да се расправа по ова прашање. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски предложи прва точка на дневниот ред, да биде, како што беше предвидено буџетот за 2017 година, а распуштањето за законодавниот дом од втора точка беше ставено на последно место и беше заменето со предлогот за именување на членови на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски побара предлог за распуштањето на Собранието сепак да биде втора точка на дневниот ред и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со праксата на вдомување луѓе.

„Денеска се предлагаат на нивниот коалициски пазар членови на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, односно дополнително да влезат двајца нови членови“, рече Сугаревски.

За предлогот на Сугаревски гласаа против повеќето од пратениците по што збор побара пратеникот Павле Трајанов, кој по втор пат предложи на денешната седница да се расправа за законот за продолжување на рокот на работа на Специјалното јавно обвинителство и за законот за заштита на сведоци. Но, ни овој предлог не беше прифатен од пратениците по што во Собранието започна расправата по предлог буџетот за наредната година.

Пред седницата пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов истакна дека во дневниот ред намерно се додаваат нови предлози за да не стигне на ред точката за распуштање на Собранието.

„Лицемерството нa ВМРO-ДПМНЕ немa крај. Владејачкото мнозинство повторно покажува дека не сака избори на 11 декември, иако наводно се залагаат за избори, тие прават се за тие да не се случат. Сите oвие тoчки што денескa кои се стaвени нa дневен ред имaaт цел дa гo oдлoжaт рaспуштaњетo нa Сoбрaниетo. Секoе стaвaње на нoви тoчки нa дневен ред, само гo пoкaжувa очигледниот и се поголем стрaв нa Груевски oд соочување со граѓаните на фер и демoкрaтски избoри“, изјави Шилегов.

Без разлика на собраниските ујдурми, како што рече Шилегов, изборите ќе се случат на 11 декември. На самиот почеток на седницата, процедурално се јави пратеникот на ДПА, Имер Алиу кој побара измена на Изборниот законик. Според него, отстапувањата во изборна единица 6 се поголеми од пет проценти што се коси со изборниот законик. Ни предлогот на ДПА не беше усвоен од пратениците.

Пред да дојде на дневен ред распуштањето на Собранието, освен за буџетот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика треба да се расправа и за изменување и дополнување на законот за банки и на законот за иновациска дејност, како и за предлог на програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Македонија за 2017 година.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG