Достапни линкови

Распуштањето на Собранието падна во втор план


Архивска фотографија: Собраниска седница за избор на преодна Влада

Архивска фотографија: Собраниска седница за избор на преодна Влада

Се уште е неизвесно дали денеска ќе се распушти Собранието. По усвојувањето на дневниот ред за собраниската седница, неизвесно е дали денеска пратениците ќе одлучат за распуштање. На дневниот ред за денешната седница прва точка е буџетот на 2017 година, потоа следуваат уште четири други точки, а распуштањето е последна.

На ова забелешка имаше координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски кој се повика на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела и изјавата на собранискиот спикер Трајко Вељаноски дека веднаш по усвијуавњето на буџетот ќе се гласа за распуштање на собранието.

Точките се однесуваат за именување на членови на Регулаторната комисија, програма за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности и измени на предлог законите за банки и иновациска дејност.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов пред почетокот на седницата на прес конференција изјави дека намерно во дневниот ред се додаваат нови предлози за да не стигне на ред точката за распуштање на Собранието.

„Лицемерството нa ВМРO-ДПМНЕ немa грaници. Прaвaт сè зa денескa дa не се рaспушти Сoбрaниетo. Сите oвие тoчки што денескa се стaвени нa дневен ред имaaт цел дa гo oдлoжaт рaспуштaњетo нa Сoбрaниетo. Секoе стaвaње нoви тoчки нa дневен ред, сaмo ги oдлoжувa тoчките зa рaспуштaње, a тoa гo пoкaжувa стрaвoт нa Груевски oд фер и демoкрaтски избoри “изјави Шилегов.

На самиот почеток на седницата процедурално опозициската партија ДПА побара измена на изборниот законик. За збор се јави пратеникот Имер Алиу кој бара измена на изборна единица 6 затоа што, како што вели, не да се оди на избори без решавање на ова прашање.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз кој исто како и СДСМ достави предлог за распуштање на Собранието дополнително побара на денешната седница да се разгледуваат и неговите предлози за измени на законите за Специјалното јавно обвнителство и заштита на сведоци.

Мнозинството пратеници не ги прифатија предлозите на Трајанов.

Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека СДСМ се обидува на каков било начин да фрли дамка на изборите кои треба да се одржат на 11 декември оваа година, иако сите услови за организирање на избори се исполнети.

XS
SM
MD
LG