Достапни линкови

logo-print

Турција распореди оклопни возила на границата со Ирак


Архивска фотографија- Шиитски демонстрант кине турско знаме во знак на протест за зголеменото воено присуство во Басра, Ирач, 9 октомври

Архивска фотографија- Шиитски демонстрант кине турско знаме во знак на протест за зголеменото воено присуство во Басра, Ирач, 9 октомври

Турција префрли на границата со Ирак дополнителна оклопна техника и тенкови, јавуваат турските новински агенции. Тенковите се распоредени во градот Силопи, во округот Шарнак. Во текот на ноќта биле доставени тенкови, оклопни возила, оклопни транспортери и камиони за првоз на тешка техника.

Овие мерки се поврзани со потребата од зајакнување на границата на Турција во врска со операцијата за заземање на градот Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, а која почна синоќа.

XS
SM
MD
LG