Достапни линкови

Ваши коментари – Се загрева предизборната атмосфера


Архивска фотографија: Средба на тогашниот премиер Никола Груевски со лидерот на СДСМ Зоран Заев на 6 јуни 2013

Архивска фотографија: Средба на тогашниот премиер Никола Груевски со лидерот на СДСМ Зоран Заев на 6 јуни 2013

Најмногу коментари од нашите читатели има на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на партискиот собир во салата Борис Трајковски во Скопје.

Предизборната атмосфера се загрева и на нашата Фејсбук страница.

На партискиот собир во неделата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, Груевски рече дека на неговата партија ѝ требаат 63 пратеници за да не може никој да ги уценува, а Заев на својот статус на Фејсбук напиша дека „Ќе има 63 пратеници, но од здружената опозиција... Заврши времето на автократија!“

И Славчо Стефанов веднаш коментирал: „Ќе има одроднику и аболициран криминалецу, а ти ќе сонуваш за власт уште долго“. А Сеад Равногорац спротивно: „Точно така, теророт да заврши од овие вмровци“. Александер Штерн напишал: „Милијарди направи и уште еден мандат и не повеќе или помалку, апсолутна власт бара, браво бе Грујо ме изнасмеа“. Дејан Камчев му реплицирал на Мате Додевски кој наместо свој коментар објавува фотографија на Заев и Верушевски со албанското знаме во заднина на протестниот марш на опозицијата на 11 Октомври: „Пријател, гледаш Сител“, а Ѓорѓи Конзулов додава: „За жал од вакви заштитници на Грујо-синдром, т.е. антимакедонски, пати поголемиот дел од македонскиот народ и се разбира, нивното мото е иселување и уништување на Македонија“ и завршува со иронија: „Браво бе ‛Патриоти‛!“ На Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа има цел куп коментари на нашите фанови околу разни акценти на говорот на Груевски во Скопје што ги објави редакцијата на РСЕ на македонски. Тони Пендовски кратко напишал: „63 години во Идризово“, а Алекс Македонски му препорачува на Груевски да ја праша својата гатачка дали ќе добие 45 пратеници. Ребека Јовановска извикува: „И сите пратеници да ти ги дадеме жално е што пак ќе си останеш болен во умот!“ Џевдет Кадриу запишал: „Со лажен патриотизам не се живее Грујо, или за хамбургер, тешко на граѓаните што ти веруваат“. Изјавата на Груевски дека и покрај кризата наметната од опозицијата, неговата партија не се откажува од инвестиции коишто носат нови работни места, Мими Јанчева ја коментирала со следниов пост: „Баш би сакала да те видам вработен во тие фирми, и да земаш таква инвестициска плата и да го преживееш месецот“. Жика Бајев под фотографијата на Груевски прецртана со црвена линија напишал: „500 илјади иселени од МК!!! Остваруваш!!!“

Нашите фанови го коментираат и прегледот на неделниот печат во кој доминира прашањето: „Кој ја распарчува Македонија?“ Па Младен Марковиќ постирал: „Зарем не го гледате лицемерието на оваа власт? Плукаат по САД, а една недела потоа трошат огромни пари за да им платат на конгресмените за да се сликаат со нив! Ете кој ја подели и урниса Македонија!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG