Достапни линкови

Партијата на Ѓукановиќ води на изборите во Црна Гора


Жена гласа на изборите во Црна Гора, Подгорица, 16 октомври 2016.

Жена гласа на изборите во Црна Гора, Подгорица, 16 октомври 2016.

На парламентарните избори во Црна Гора, според првичните резултати на Центарот за мониторинг и истражување и на Центарот за демократска транзиција, Демократската партија на социјалистите на премиерот Мило Ѓукановиќ, освоила околу 40 проценти од гласовите, а партијата Демократски фронт околу 20 отсто. Ова се резултати врз основа на преброени околу 80 отсто од гласачките ливчиња. На изборите гласале 73, 2 проценти од вкупниот број на гласачи.

Полицијата претходно потврди дека уапсиле 20 луѓе од Србија поради, како што наведуваат, сомнежи за тероризам. Директорот на националната полиција Славко Стојановиќ изјави дека групата планирала со автоматско оружје да нападне државни институции, полицијата, а можеби и државни функционери.

XS
SM
MD
LG