Достапни линкови

Демократски сојуз - Прво законите за СЈО, па буџетот 


Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз

Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз

Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието на Република Македонија прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за буџетот. Распуштањето на Парламентот, според оваа партија, ќе биде логичен редослед на работите.
„Партиите од власта, наместо да го распуштат Парламентот на 12 октомври, со што ќе се создадеа оптимални услови за на 11 декември да се одржат избори, тие надвор од договорот постигнат на 31 август, распуштањето на Парламентот го условуваат со претходно гласање за Буџетот“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

XS
SM
MD
LG